Денеска едуцираше, од утре полицијата ќе казнува за неносење појас (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска во соработка со Републичкиот и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денеска на патниот правец Куманово – Липково, спроведоа кампања под слоганот „Стави појас“.

Loading...

 

 

Целта на кампњата, вели Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, е подигање на свеста како кај возачите и патниците за поголема употреба на сигурносниот појас.

– Истражувањата покажуваат дека само околу 50% од возачите користат сигурносни појаси додека процентот на патници кои користат сигурносни појаси е помал. Во Европска унија истражувањата покажуваат дека околу 90% од возачите користат сигурносни појаси, а околу 70% од патниците. Со оглед на тоа РСБСП во соработка со МВР во наредниот период реализира интензивни сообраќајно едукативни и превентивни активности со цел да им укажеме на возачите и патниците дека обврската за користење на појас е наменета пред се заради нивната безбедност, изјави Манчев.

 

Loading...

 

Според статиситчките податоци изминатата година 125 лица го загубиле животот во собораќајни несреќи, а ваквата бројка вели тој, би била далеку помала доколку процентот на употреба на сигурносни појаси од страна на возчаите и патниците би била на едно повисоко ниво.

– Покрај кампањата за појаси паралелно реализираме кампања за едукација на децата за основните правила и прописи во сообраќајот. Според статистичките податоци годишно десетина дечиња го губат животот во сообраќајни несреќи, а според Светската здравствена организација на светско ниво дневно 500 дечиња го губат животот во сообраќајни незгоди. Сообраќајните незгоди се една од водечките причини за смртност кај децата. Токму затоа безбедноста на децата во сообраќајот е еден од приритетите на РСБСП, вели Манчев.

 

 

Согласно законот за безбедност во сообраќајот на патиштата за некористење на сигурносен појас се предвидува санкција од 40 евра во денарска противвредност, а санкција е предвидена и за патниците без разлика дали патуваат на предното или на задното седиште. Санкцијата за некористење појас од страна на патниците изнесува 50 евра во денарска противвредност.

 

Loading...

 

Кампањата, како што информираше началничката на Отсекот за превенција при СВР Куманово Виолета Богдановска, се спроведува месец дена и веќе дава резултати.

– Од она што прв пат започнавме со акцијата, општ заклучок беше дека можеби 20 отсто од возачите и патниците ставаат појас, меѓутоа денеска после месец дена од таа кампања се гледа дека свеста кај добар дел од патниците и совозачите е на едно повисоко ниво и имаме една состојба каде и самите можете да видите од денешната акција дека повеќе од 60% од учесниците во сообраќајот стават заштитен појас. Што значи дека треба и понатаму да се продолжи и постојано да се зборуваме за вакви безбедносни аспекти во сообраќајот со цел што повеќе да се влијае кај сите учесници во сообраќајот за да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и се она што значи нивна безбедност, да практикуваат, и во секој случај да се ства безбедносен појас, рече Богдановска.

 

 

Според Богдановска, се спроведува и кампањата „Биди безбеден во сообраќајот“  со видео материјал за учениците од трето одделение, преку кои малите учат за игра во природа, паркови, улица, преминување на пешачки премин.

Loading...

 

 

Во следниот период ќе се спроведе и акција за заштита на велосипедистите, со оглед дека со топлото време велосипедизмот станува позастапен дел од сообраќајот.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply