Денеска до 35 степени, заладување од утревечер

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден не очекува сончево и доста топло време со слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Loading...

Утринската температура во земјава ќе биде во интервал од 11 до 19, а дневната од 28 до 35 степени, со УВ индекс 6.

Што се однесува за Куманово и околината денеска не очекува топло и сончево време со температура од минимални 14, до максимални 34 степени целзисуови.

Во недела попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер.

Во текот на ноќта, како и во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 30л/м2) и проследени со ретки грмежи.

Во понеделник ќе има и значителен пад на дневната температура, која ќе се движи од 19 до 24 степени.

Врнежливото време ќе се задржи и во понеделник и вторник, а со температурите над 30 степени може слободно да се збогуваме денес.