Денеска до 33 степени, дожд од следната недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоко, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната температура ќе достигне 26 степени целзиусови.

Од денеска следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. По викендот повторно ќе биде нестабилно, велат од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply