Денеска до 20 степени, утре снег

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта и утринава беше малку до умерено облачно со слаб ветер од променлив правец.

Loading...

Во текот на денот, според Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Воздушниот притисок до вечер значително ќе се намали (за повеќе од 10 мерни единици).

Во вечерните часови почнувајќи од север облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, на места поројни.

Ќе дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, па во втората половина од ноќта врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно време со масимална температура од 15 степени.

Во текот на ноќта низ кумановско ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на утрешниот ден повремено ќе бидат и во комбинација со снег.

Loading...

Температурата драстично ќе опадне за 11 степени, односно утре се очекуваат максимални 4 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply