Денешниот ден во Југославија бил многу значаен, а еве и зошто (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Денешниот ден во поранешната СФРЈ бил многу значаен ден, на 29-ти ноември се славел Денот на Републиката и бил најголем државен празник.

Loading...

На тој ден, официјално се одбележувала годишнина од Второто заседавање на АВНОЈ во 1943 година, кога претставниците на партизанското движење прогласиле федерално уредување на Југославија и уставнотворно собрание на ФНРЈ.

Така, 29-ти ноември станува неофицијален ден кога Југословените колеле прасиња за да ги прехранат своите семејства или кога едноставно имале уште еден слободен ден.

 

 

Кон крајот на ноември 1943 година во Јајце пристигнале делегациски претставници на народот од сит екраишта на Југославија. На заседавање, во локалниот Дом на култура, биле присутни 142 делегати. Претседател на собранието на Кралството СХС бил доктор Иван Рибар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Одлуките на Второто заседание на АВНОЈ се прочитани каок нешто пред полноќ на 29-ти ноември, па тој датум е земен како датум за нивно донесување. АВНОЈ е конституиран во законодавно и извршно претставничко тело на Југославија.

Loading...

 

 

Темелите на Југославија биле поставени во Јајце, а тогаш по Втората светска војна, на чело со Тито, доживеала успон и била една од најпочитуваните држави во светот.

Денот на Републиката, по правило се славел на 29-ти и 30-ти ноември, а во главните градовите на тогашната република биле организирани свечени академии. Улиците биле пусти, главно се појавувале во семејна атосфера или се доаѓало кај пријателите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

Исто така постоело и дружење на разни здруженија, па така овој пранзик многу бил користен за посети на пријателите во другите републики и да се опуштат во лов, риболов, спорт, песна или некоја позната кафана.

 

Loading...

 

Со распаѓањето на СФРЈ, престанало одбележувањето на овој ден во сите републики на некогашната заедничка држава освен во Србија.

Денот на Републиката останал официјален празник во Сојузна Република Југославија се до 14-ти ноември 2002 година, кога бил укинат поради одлука на Советот на граѓани.

Некогаш на денешен ден се станувало рано, на печките се ставала вода, но не за да се оди на работа или да се приготви кафе, туку требало да се стануав рано за колење прасе, а врелата вода требало да биде подготвена за шурење, 29-ти ноември се претворил само во ова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Некогашниот Ден на Републиката кој сите го сакавме поради слободниот ден и поради тоа што ќе јадеме свежо прасешко месо сепак исчезна.