Денес значително посвежо и повторно услови за нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, значително посвежо и ветровито со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 13 до 19, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 21 до 30 степени целзиусови.

Во Куманово и околината за претпладне ќе имаме променливо облачно и ветровито време. Но, во попладневните часови не очекува наоблачување, грмежи и врнежи во комбинација со засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 26 степени целзиусови.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд.Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во наредните денови температурите постепено ќе растат.

 

Loading...