Денес ветер и сонце – за викенд дожд и магла

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите, денес во претпладневните часови се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, додека во пладневните часови облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Денес поради северниот ветер со постуден воздух од север, дневните температури ќе бидат пониски. Од ноќта кон сабота ќе настапи преодно наоблачување со услови за слаб дожд во северните делови од земјата.

Од недела наутро повторно ќе има услови за утринска магла а ќе преовладува тивко и стабилно време.

Дневните темпертури ќе бидат во постепен пораст.