Денес топло и ветровито со дожд во западните делови

Сподели со своите пријатели

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец се очекува во текот на денешниот ден. Попладне во западните делови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а дневната од 32 до 38 степени. УВ = 9

Loading...

Capture

Според УХМР, продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до сабота во западните делови од земјава ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Иако не се очекува уште еден ден со 40°С, сепак температурата ќе достигне максимум околу 38°С во повардарскиот крај, а во Пелагонија и котлините од источниот регион околу 37°С. Охрид и Преспа ќе бидат за нијанса посвежи, со максимална околу 33°С.

Регионалниот центар за управување со кризи најавува нов топлотен бран во четврток.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.