Времето денес ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеороолошки работи.
Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 27 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време со мала облачност и температура до 22 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе се спушти до 4 степени.
Продолжува периодот на претежно сончево време со свежи утра. До недела дневната температура ќе биде во пораст, велат од УХМР.
Loading...