Денес се слави свети Сисој Велики – заштитник на децата, чувар од неволји

Сподели со своите пријатели

Православната црква денес го слави името на Сисој Велики, христијански светец, испосник, следбеник на Антониј Велики. Поменот во Православната Црква се означува на 6 јули (според Јулијанскиот календар).

Loading...

Сисој е родум од Мисир (денешен Египет) и бил ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се населил на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Можел да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви.

Свети Сисој се подвизувал шеесет години во пустината и се смета дека бил како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнувале барајќи поука. Пред смртта, лицето му заблескало како сонце. Монасите стоеле околу него и ѝ се восхитувале на оваа појава. А кога светителот ја испуштил душата, одајата се исполнила со прекрасно благоухание. Се упокоил во длабока старост, во 429 година.

Според преданието, Св. Сисој во пустината го пронашол гробот на Александар Македонски. Кога го видел се ужаснал и рекол: „Колку голем човек беше, а сепак сега е само прав и пепел“… Го затворил гробот и никому не му го покажал.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.