Денес се слави Архангел Михаил – војвода на Господовата војска

Сподели со своите пријатели

Според календарот на МПЦ, денес се слави свети Архангел Михаил, споменат во Откровението (12:7), но и во Стариот Завет по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел.

Loading...

Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска. Таму тој се јавува како „еден од првите кнезови“ кој во привидението на Даниел му притекнува на помош на архангел Гаврил во борбата против ангелот на Персија, а опишан е и како застапник и бранител на Израел и „големиот кнез кој ги штити синовите на твојот (Даниеловиот) народ“ . По талмудските преданија неговото име значи „како Ил (Бог)“ или „Иловиден“, „Илолик“ („Боговиден“, „Боголик“)

Михаил е меѓу главните ангели во Аврамските преданија; се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.

Михаил е омилена уметничка тема, на кој само Гаврил му е рамен, и често е прикажан со крилја и изваден меч.

Постојат многу традиционални верувања за овој ангел. Тој ги посетува сите болни луѓе – доколку застанe кај нозете не е добро, а ако застане над главата ќе биде добро и болниот ќе се излекува.

Се верува дека болните треба да му се помолат на св Архангел Михаил и да побараат излекување. Овој светец се поврзува со болните и со искупување на гревовите на грешните.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.