Денес се празнува Свети Стефан

Сподели со своите пријатели

Православните христијани денеска, на третиот ден од Божик, го празнуваат свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе.

Loading...

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Според делата на апостолите, тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим и кој ѝ се придружил на црквата многу млад. Тој бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата.

 Како хеленизиран Евреин жестоко се противел на јудаистичкиот култ на храмовите. Поради тоа што го искажувал своето противење, бил изведен пред Санхедрин.

Неговото бранење на христијанството толку ги разбеснило неговите сослушувачи што бил осуден на смрт со каменување. Еден од тие кои се согласиле со погубувањето бил Сол од Тарсус (Свети Павле).

Овој Стефан бил евреин, соработник на апостолите.

Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострадал од Евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека тој Исус што тие го убија беше, навистина, помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.

Расказот за него може да се прочита во новозаветната книга „Дела апостолски“.

Loading...

Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

Leave a Reply