Денес се очекува тропска горештина и темпрература до 40 степени

Сподели со своите пријатели

Сончеви и доста топло утро низ земјава ова среда. Во 7 часот УХМР ги измери следниве вредности на температурата на воздухот:

Loading...
22 °С Гевгелија
21 °С Скопје (З.Рид), Скопје (Петровец) и Виница
20 °С Штип, Струмица и Демир Капија
19 °С Тетово и Претор
18 °С Прилеп и Битола,
17 °С Охрид и Крива Паланка
14 °С Берово

До крајот на денот останува сончево и релативно жешко време. Максималната температура насекаде ќе има вредности над 30°С. Најтопло ќе биде во поширокиот гевгелиски регион, до 40°С. Останатите во поголем дел од земјава очекуваат максимална температура околу 38°С. Само огридско преспанскиот крај, како и повисоките места во источниот регион ќе имаат максимална помеѓу 32°С и 35°С.

Вредноста на УВ индексот денеска ќе биде 9.

Во Скопје ќе биде сончево со највисока дневна температура до 38°С.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.