Денес се очекува топло и променливо време

Сподели со своите пријатели

Според метеролозите на УХМР, денес се очекува сончево и топло време со умерена облачност. Попладне во јужните и западните делови ќе биде променливо облачно со краткотраен дожд  и ретки грмежи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=7

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а дневната од 25 до 32 степена.

И во среда, во јужните и планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Во четврток во попладневните часови ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи. Во петок и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.