Денес промоција на нова песна и спот на Тоше Проески

Сподели со своите пријатели

„If you wanna leave me“ е насловот на најновата песна од Тоше Проески која денеска во 12 часот ќе биде промовирана во спомен куќата „Тодор Проески“ во неговото родно Крушево.

Песната е снимена во две верзии – латино верзија и балада, а спотот ќе биде објавен на интернет вечерва околу 20 часот. Промовирана ќе биде латино верзијата, одека балдата е на доработка во Лондон.

Промоцијата е во пресрет на 25 јануари, датумот на неговиот роденден.