Денес пониски температури со северен ветер

Сподели со своите пријатели

Вторник носи промена на времето, но повеќе во однос на промена на температурата и ветерот. Ќе дува претежно умерен, а повремено и локално засилен ветер од северен правец. Токму северното струење на воздухот и транспортот на нешто постуден воздух кон земјава ќе ја диктираат максималната температура низ земјава. Таа ќе биде пониска во однос на понеделник.

Loading...

Врнежи ќе има само повремено во попладневните часови и ќе бидат релативно слаби. Ги очекуваме локално, пред се во јужната половина од земјата. Повторно ќе има услови за ретка појава на грмежи.

Mаксималната температура ќе биде нешто пониска во однос на претходните денови. Долж повардарието таа ќе биде во дијапазонот од 18°С до 21°С. Во поголем дел од населените места низ земјава максималната ќе има вредност околу 16°С.

Во среда и четврток ќе преовладува стабилно и суво време. До среда ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Минималната температура ќе се движи од 4 до 12 степени, додека максималната температура ќе изнесува од 14 до 21 степени.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *