Денес дожд – затоплување дури кон крајот на неделата

Сподели со своите пријатели

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот ќе има извесно зголемувањена на облачноста а ќе има улови за локален слаб и краткотраен дожд, особено  во јужните делови на земјава.

Loading...

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се спушти во интервал од -2 до 5 степени, а највисоката дневна температура ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време за овој период од годината. На места е можна изолирана појава на краткотраен дожд, а на повисоките планини можно е провејување на слаб снег.

Кон крајот на неделата ќе има затоплување.

 

Leave a Reply