Денес до 40 степени, од вечерва дожд и заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој на север и вдолж Повадарието ќе засилува.

Попладне претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од 14 до 20, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени целзиусови. УВ зрачењето ќе биде многу високо, со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време. Во попладневните часови е можна појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 34 степени целизусови.

Температурата во петок ќе биде пониска за 3 до 5 степени. Од петок ќе започне и преиод со променлива облачност. Од попладневните часови и потоа преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови.

Во недела во претпладневните часови врнежите ќе завршат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодов со температура која на повеќето места нема да надмине 30 степени. Понатаму не се очекува дека температурите брзо ќе се покачат.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.