Демонстрантот од 5 мај, вујко на Мартин Нешковски осуден на 10 месеци затвор

Сподели со своите пријатели

Осум условни казни им изрече судот на дел од демонстрантите кои беа притворени по антивладините протести од 5 мај, додека еден од демонстрантите е осуден на 10 месеци затвор, бидејќи претходно е осудуван за слично дело. Како што јавува НОВА ТВ, во прашање е вујкото на сега веќе починатиот Мартин Нешковски.

Loading...

Судот целосно им го укина притворот на сите демонстранти, со тоа што еден од нив има обврска да се јавува двапати месечно во судот.

Демонстрантите претходно ја признаа вината за  кривичното дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

За ова дело казната затвор се движи од три месеци до три години.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *