Демонстрантите во Хонг Конг ја демолираа метро станицата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Loading...

Демонстрантите од Хонг Конг ја демолираа метро станица.

Како што јавува Анадолија, про-демократските протести во Хонг Конг прераснаа во немири, при што силните полициски сили излегле на терен.

Демонстрантите ја демолираа градската метро станица и уништија безбедносни камери.

Во налетот на демонстрантите, беа срушени скенери за картички, монитори и друга опрема.

Демонстрантите беа маскирани за да ги прикријат своите идентитети, а полицијата ја опколи станицата Шатин каде се наоѓаа демонстрантите.

Про-демократските протести во Хонг Конг продолжуваат веќе четврти месец, со немири на улиците на кинескиот регион во неколку наврати.

Властите во Хонг Конг го повлекоа контроверзниот предлог-закон за екстрадиција што предизвика протести, но демонстрациите се проширија за да вклучат голем број други барања, вклучително и одржување на нови избори.

Loading...

Leave a Reply