Франција денеска се подготвува за трет ден од граѓанската мобилизација, штрајкови и демонстрации против пензиската реформа што ја побара претседателот Емануел Макрон, а пратениците почнаа да расправаат за тоа во парламентот.
За време на првите два дена од демонстрациите на 19 и 31 јануари, повеќе од милион граѓани се собраа ширум Франција, покажуваат податоците на полицијата.
Организаторите, главно синдикати, изјавија дека има по два милиони луѓе.
Сообраќајот денеска повторно ќе биде „сериозно во прекин“, со намален железнички сообраќај, додека во Париз ќе бидат погодени метрото и приградските возови.
Засегнат ќе биде и воздушниот сообраќај. Некои летови ќе бидат откажани или одложени на парискиот аеродром Орли поради штрајк на контролорите на летање.
Мобилизација на ученици и просветни работници не очекува бидејќи во дел од Франција во тек е училишниот распуст.
Граѓаните и синдикатите се незадоволни што со реформата се предлага старосната граница за пензионирање наместо 62 години да биде 64 години.
Од друга страна, во понеделникот во Собранието почна расправата за реформата на пензискиот систем, која беше во хаос, бидејќи власта се најде во директен судир со опозицијата која планира опструкција.
Во текот на две недели пратениците ќе разгледаат околу 20.000 амандмани, од кои 13.000 се од радикалната левица.
Доколку долниот дом на парламентот не ја заврши расправата за амандманите до 17 февруари на полноќ, текстот сепак ќе може да помине во Сенатот, соопштија претходно француските власти.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.