Демократите усвоија закон од 740 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Демократските сенатори тесно усвоија пакет-закони за енергија, даноци и здравствена заштита во Сенатот во неделата, со помош на гласот на американската потпретседател Камала Харис.

Loading...

Гласот на Харис беше клучен за усвојување на пакетот вреден 740 милијарди долари, наречен Закон за намалување на инфлацијата, па резултатот беше 51:50 во корист на демократите, објави „Њујорк пост“.

„Тоа беше долг, тежок и ветровит пат, но конечно, стигнавме до нашата дестинација“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.

Претставничкиот дом, каде што демократите имаат тесно мнозинство, следниот предлог-закон ќе го стави на усвојување.

Доколку конгресмените го усвојат, законот ќе биде проследен на потпис до американскиот претседател Џозеф Бајден.