Дембеле може да си замине, призна Куман

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Барселона, Роналд Куман призна дека е неизвесно дали Усман Дембеле ќе остане во тимот, откако играчот сам ќе ја донесе одлуката. Французинот, кој беше купен за 105 милиони евра во 2017 година од Борусија Дортмунд, често е мачен од повреди и не успева да се опорави.

Loading...

– Одлуката за неговата иднина ќе ја донесат клубот и самиот играч. Се додека тој сака да биде тука, јас ќе се потпирам на него, рече Куман.

Евентуално заминување на крилниот напаѓач ќе има двоен ефект за Барселона – ќе се олесни буџетот за плати во клубот и ќе се обезбедат средства за привлекување на напаѓачот Мемфис Депај од Олимпик Лион.

– На нашиот прв натпревар сезонава тој остана резерва затоа што има подобри играчи од него. Во второто полувреме тој се појави на теренот и ова се должи на неговата подобрена физичка форма. Гледам дека на тренинзите добро му оди, затоа би сакал тој да остане, додаде Куман.

Leave a Reply