15.10.2019 09:54

Делови за возила и моторцикли запленети на Табановце


Петнаесет парчиња делови за патнички возила и моторцикли (вилушки, стабилизатор и гумени делови за Алфа Ромео и издувни системи за моторцикли YASUNI и POLINI), биле откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија.

Непријавените производи, како што додаваат од управата. Биле пронајдени во картонски кутии сместени во багажникот на возилото и покриени со куфери, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments