Делови за парно греење запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

57 парчиња делови за централно парно греење (вентили, регулатори и терминални контролери) биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на релација Германија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Непријавените делови за парно греење, пронајдени во 2 картонски кутии, сопственост на македонски државјанин, кој бил патник во автобусот, се привремено задржани, а против патникот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.