Делови од кумановско утре без струја

Сподели со своите пријатели

Одредени делови од Куманово утре ќе бидат без електрична енергија во текот на денот поради интервенции на мрежата, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 12:00 до 14:00 часот прекини ќе има кај дел од корисниците во населбата Карпош.

Од 07:50 до 08:50 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Табановце,  Сопот и Воиновиќ.

Во период од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од булеварот „Октомвриска револуција“.

Делови од селото Табановце без електрична енергија ќе останат во период од 07:50 до 14:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

Никола Ивановски