Делови од Куманово со часови без струја, ЕВН не крева слушалка

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово со часови се без струја, откако околу 18 часот под налетот на силниот ветер дојде до прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Од тој момент започна да засилува ветерот, но започна и пороен дожд и грмежи. Сега, откако ситуацијата се смири, струја и натаму нема. На телефонскиот број 08-90-88888 на кој во ЕВН се пријавуваат дефектите, не можете да добиете никаква информација, затоа што линијата не функционира.

Лично во повеќе наврати се обидовме да се јавиме на тој број за да дознаеме кои делови од Куманово останале без струја и кога може да се очекува нормализирање на состојбата, но залудно.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.