Делови од Куманово без струја

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден во одредени периоди од денот ќе има прекини на снабдувањето со електрична енергија на неколку локации во градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 10:00 до 12:00 часот без електрично напојување ќе биде селото Стрновац.

Од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ околу реонот на „Мај маркет“.

Прекини се најавени и на дел од улиците „Драган Стопаревиќ“, „Панчевачка“ и „Тоде Думба“ во период од 09:00 до 15:00 часот.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.