Делови на Куманово утре привремено ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 09:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Пчињска“.
Во период од 08:00 до 09:00 часот прекини се најавени за Ловечки дом, „3 МУБ“, „Борко Соколов“, Месна индустрија – „Косиљак“ и „Гроздановски“.
Од 08:30 до 14:30 часот прекини се најавени за корисниците од улиците „АВНОЈ“, „Видое Смилевски Бато“ и „Васко Карангелески“.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски