Делови на Куманово и околните села во текот на утрешниот ден ќе бидат привремено без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 13:00 до 14:30 часот прекини се најавени за населбата Ајдучка чешма, како и селата Кутлибег, Бељаковце, Стрезовце, Новосељане, Клечовце, Скачковце, населбата Перо Чичо, м.в. Гладно Поле, сите села во општината Старо Нагоричане, Косматац, Кучкарево, Градиште Кокошиње, Јачинце, Мургаш и Војник.
Во истиот период прекини ќе има и на улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо, како и селата Довезенце, Колицко, Габреш, Зубовце, Четирце, Пезово и околината околу К’шање.
Во период од 07:30 до 14:30 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од улиците „Васил Драгомански“, „Стојан Арсов“, „Драган Стопаревиќ’, булеварот „3-та МУБ“ и улицата „Егејска Македонија“.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски