Делеле имот на сестра, па летале тупаници и удари од пиштол

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.Ф.(41), О.О.(50), Ф.Ф.(37) и И.О.(59), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 28.06. минатата година околу 16,30 часот, пријавените со две возила пристигнале во ссело Липково со цел да ги разделат личните работи на сестрата на Б.Ќ.(26)-И.Ќ. и Е.О., кој бил син на четвртопријавениот и живееле во вонбрачна заедница. Додека пријавените биле заедно пред влезната врата од куќата сопственост на О.М. село Липково, по вербална расправија со Б.Ќ., истите физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, додека третопријавениот му вперил пиштол, му се заканувал, а потоа и го удрил со пиштолот во пределот на главата.

Од нанесените удари Б.Ќ. се здобил со телесни повреди по главата и телото, констатирани од лекар во oпштата болница- Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.