Делегации и граѓани положија свежо цвеќе кај меморијалниот комплекс АСНОМ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Денеска се чествува еден од најголемите национални празници во Република Македонија, Илинден. Овој празник има големо значење за македонскиот наорд затоа што на 2 август во далечната 1903 година започнало Илинденското востание, а на истиот датум во 1944 било одржано првото заседание на АСНОМ.

Loading...

[huge_it_gallery id=”121″]

По тој повод денеска во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше одржана свечена манифестација на која голем број делегации и граѓани одадоа почит за оние кои се бореле за слободна Македонија.

На свеченоста меѓу другите присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски, Зоран Заев – претседателот на СДСМ, градоначалниците на Општина Куманово и Старо нагоричане, сите политички партии, борци, невладиниот сектор, дипломатскиот кор во државата како и голем број на граѓани.

Свеченениот говор оваа година го одржа Трајко Вељановски, претседателот на Собранието кој вели дека секојдневно треба да промовираме заедништво по примерот на учесниците на Илинденското востание, како и да градиме мостови на соработка внатре помеѓу нас, но и надвор со другите народи и држави.

[huge_it_gallery id=”123″]

Посетеноста оваа година беше значително послаба за разлика од минатата година, но граѓаните и покрај високите температури од повеќе градови во Македонија со организиран превоз присуствуваа на манифестацијата.

Свеченоста беше збогатена и со настапот на детско младинскиот ансамбл „СРМА“ од Куманово.

Loading...

[huge_it_gallery id=”122″]


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.