Дел од волонтерите при Општа Болница Куманово побараа решавање на нивниот статус

Сподели со своите пријатели

Со барање да им се реши конечниот статус за вработување, денес пред зградата на Општа Болница Куманово протестираа дел од 102 волонтери, кои пред камерите изјавија дека во состојба кога им се исплаќа хонорар од 3900 денари и тоа со задоцнување, тие се приморани на ваков чекор.

Loading...

Иако работат во смени и по 12 часа, волонтерите досега од директорот Ариф Љатифи добивале само усмено ветување дека нивниот статус ќе се реши наскоро, што досега не е случај велат тие.

Од ангажираните 102 волонтери во кумановската Општа Болница, на различни одделенија, волонтерите кои денес протестираа во кругот на болницата, додаваат дека тие не се жалат на работа, но сакаат нивниот статус по примерот на останатите волонтери во останатите здравствени установи во Македонија да биде конечно решен.

Од друга страна, директорот Ариф Љатифи уверува дека статусот на волонтерите ќе биде решен откако барањето е позитивно решено во Министерството за здравство и ФЗОМ, и се чека на одобрување од Министерството за финасии.

Волонтерите кои во меѓувреме работат и по повеќе години со нерешен статус велат дека со денешниот протест најавуваат и протест во Скопје, во случај нивното барање повторно да заврши само на ветување, со што ќе бараат директна средба со министерот Никола Тодоров.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.