Дел од осомничените за тероризам одбија да дадат исказ

Сподели со своите пријатели

Како што објави косовскиот портал Зери за време на викендот,  денеска започна распитот на дел од осмоничените за тероризам кои полицијата ги уапси во мај годинава. Шестмина од осомничените кои се наоѓаат во притвор во КПУ Шутка, денес беа изведени на распит пред Јавен обвинител со одбивање да дадат исказ.

Loading...

Тие одбиле да проговорат, бидејќи Јавниот обвинител не им презентирал никакви докази со кои располага обвинителството и на тој начин се прекршува постапката, вели нивниот адвокат Насер Рауфи за 24 вести.

Нивната одбрана и досега реагираше дека постапката се одолговлекува, а по разговорите со дел од уапсените, изразија и сомневања дека уапсените се жртви на вработени во УБК кои биле учесници во акцијата. Осомничените свој исказ ќе дадат откако нивните адвокати ќе направат увид во доказите и ќе ја подготват нивната одбрана.

Испрашувањето на осомничените во обвинителската истрага се случува после повеќе од два месеци откако беа уапсени во големата анти-терористичка акција на МВР во населбата Тоде Мендол во Куманово.
Извор: 24 Вести

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.