Дел од населбата Карпош три дена по неколку часа е без струја

Сподели со своите пријатели

Жителите на населбата Карпош од Куманово кои со електрична енергија се снабдуваат на реонот во близина на Основното училиште „Магдалена Антова“ три дена мака мачат со електричната енергија.

Loading...

Утринава реагираа до нашата редакција, по како што велат некоректниот однос на ЕВН кон своите корисници. Се започнало по силниот ветер од понеделник, кога попладне снемало струја и дури во вечерните часови дефектот бил отстранет.

Но, иако од тогаш ветерот го снема, проблемот со електрична енергија останал. И вчера, а и утринава по неколку часа биле без електрична енергија.

Поголем дел од населбата Карпош кој во тоа време има електрична енергија, се жалат дека немале интернет и кабелска телевизија, оти еден од поголемите оператори со струја се снабдува од овој реон.

Нашата редакција го контактираше „кол центарот“ на ЕВН Македонија, од каде само кратко ни кажаа дека дефектот е пријавен и дека екипа ќе се упати за интервенција. По скоро два часа корисниците утринава добиле електрична енергија, но се надеваат дека нема како во претходните неколку дена повторно да останат без неа.

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply