Дел од кумановци се вакцинираат и во Србија

Сподели со своите пријатели

Дел од граѓаните на Куманово кои покрај македонско имаат и српско државјанство вакцина против Ковид-19 примиле во градовите во Србија, појасни утринава градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

Колку лица се вакцинирале во Србија не е познато, а во Македонија, според Димитриевски, вакцина против коронавирусот примиле околу 100 лица, медицински персонал.

– Дефинитивно постапката за имунизација оди споро, претпоставувам и недостатокот на вакцини е проблем, иако за тоа треба здравствените власти да го дадат вистинскиот одговор. Во овој момент, не само Македонија туку човештвото нема друго решение, освен да практикува тоа што се практикувало секогаш, а тоа е масовната имунизација. И ние го очекуваме моментот да спроведеме таква имунизација откога ќе ги добиеме вакцините, а што ќе се случува во делот на науката и мутациите тоа се веќе нови предизвици, рече Димитриевски.

Димитриевски утринава повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply