Дејвид Боуви замина во легендите

Сподели со своите пријатели

Музичката ѕвезда Дејвид Боуви почина во 69-та година од својот живот, откако 18 месеци претходно водеше битка со ракот, соопштуваат од неговото семејство.

Дејвид Боуви, роден како Дејвид Роберт Џонс на 8 јануари 1947 година беше британски рок музичар, глумец, продуцент.  Пејачот го објави неговиот последен албум „Blackstar“ на неговиот роденден во петокот.

Дејвид Боуви умре мирно, опкружен со семејството, по 18 месеци храбра борба против ракот. Иако многумина од вас ќе ја споделат нивната болка, ве молиме да го почитувате нивното право на приватност додека тагуваат –  објави тимот на Боуви на социјалните мрежи.

Дејви само пред три дена го прослави својот 69-ти родеден со објавувањето на својот албум „Blackstar“. Првиот сингл и спот од албумот ги објави за своите фанови уште во ноември минатата година, а музиката од истиот сингл е и главна тема и трејлер за телевизиската серија „The Last Panthers“, која со своето емитување започна во октомври низ неколку европски држави.

Влијателниот пејач, текстописец и продуцент експериментираше со глам-рок, арт-рок, соул, хард-рок, денс музика, поп, панк и електроника во текот на кариерата која траеше повеќе од 40 години.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.