19.01.2020 12:59

Дејан Цветановски го фати крстот во Соборниот храм „Свети Никола“ (ФОТО+ВИДЕО)

Facebook Twitter Google+

Триесет и двегодишниот Дејан Цветановски е момчето кое имаше најмногу среќа од скокачите во Соборниот храм „Свети Никола“, кои утринава традиционално за празникот Водици скокаа по светиот крст.

Цветковски повеќе пати досега учествува на оваа традиционална манифестација и годинава среќата му се насмевна токму нему.

Loading...

Очекува година со среќа и многу здравје.

– Седми пат како скокам по крстот. Оваа година успеав, среќен сум и возбуден, изјави Цветановски.

Тој ги повика и другите кои досега не скокале по крстот да се обидат, нагласувајќи дека ја почитува оваа традиција и верува оти светиот крст ќе му донесе здравје и просперитет.

Инаку, Цветановски е вработен во приватна компанија како возач на цистерна. Од свештенството на соборниот храм тој доби икона и свет крст и други пригодни подароци од локалната бизнис заедница.

Loading...

Претходно во соборниот храм „Свети Никола” се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици, на која присуствуваа поголем број верници, од кои дел пресекоа славски колач, зедоа осветена вода и се помолија за здравје, мир и благосостојба.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments