Дедо Мраз ограби банка во Колорадо

Сподели со своите пријатели

Маж со бела брада и мустаќи ограбил банка во Колорадо Спрингс и потоа започнал да фрла пари во воздухот, честитајќи им Божиќ на минувачите.

Loading...

Полицијата соопшти дека „постар белец“ ја ограбил банката „Академи“ за време на паузата за ручек, јави Би-Би-Си.

Очевидци изјавија дека ограбил банка, излегол на улица и почнал да фрла пари во воздухот, извикувајќи: „Среќен Божиќ!“

Мажот потоа отишол во блискиот Старбакс, седнал на кафе и го чекал неговото апсење.

Минувачите ги собрале парите од улицата и ги вратиле во банката.

Полицијата во Колорадо Спрингс го идентификуваше осомничениот како 65-годишниот Вејн Оливер, не наведувајќи никакви индиции дека имал помошници.

Leave a Reply