„Дедо мраз на мотор“ повторно ја внесе новогодшната магија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дванаесетта година по ред членовите на Мото клубот „Мечки“ ја организираа новогодишната манифестација „Дедо мраз на мотор“ која го внесе новогодишниот дух во градот.

Loading...

Маскирани во Дедо Мраз околу стотина моторџии од клубот првин се собраа на паркингот пред градскиот базен, од каде се упатија на градскиот плоштад и се дружеа со најмалите.

– Целта на организацијата ни беше да потикнеме нешто кај луѓето добро. Првин почнавме со возење на моторите низ градот и донирање разни подароци, облечени како Дедо мразовци во Центарот за деца со посебни потреби, тоа се уште го правиме традиционално, малку нашиот репертоар го имаме проширено со учество на неколку училишта на плоштадот, но главната цел никогаш не ја забораваме, а тоа се штитениците на Центарот за деца со посебни потреби, изјави Виктор Михајловски од Мото клубот „Мечки“.

Моторџиите по дружбата на градскиот плоштад продефилираа низ градот и се упатија кон Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост каде на корисниците им подарија новогодишни подароци.

Loading...

Секој декември членовите на Мото клубот „Мечки“ ја остваруваат хуманитарната акција „Дедо мраз на мотор“ со помош на лични донации на членовите, спонзорства, како и донации на соработнциите од другите мото клубови.

Повеќе фотографии во текот на денот на нашиот Инстаграм профил.

Leave a Reply