„Дедо Mраз на мотор“ и годинава ја донесе новогодишната еуфорија (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Единаесетта година по ред членовите на Мото клубот „Мечки“ ја организираа новогодишната манифестација „Дедо мраз на мотор“ која го внесе новогодишниот дух во градот.

Loading...
https://www.instagram.com/p/Br7ejvUFHfw/

Маскирани во Дедо Мраз околу стотина моторџии од клубот првин на градскиот плоштад се дружеа со најмалите, а потоа продефилирајќи низ градот се упатија кон Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост каде на корисниците им подарија новогодишни подароци со храна.

– Ова е време кога треба сите да бидеме барем на некој момент среќни, гледаме да измамиме насмевка како на луѓето тука на плоштадот, така и на сите деца кои се тука. Вака облечени како Дедо Мразовци малку да направиме промена во градот за празниците кои следуваат. , изјави Виктор Михајловски, член на Мото клубот „Мечки“.

https://www.instagram.com/p/Br7hps1Fteo/

Членовите на мото клубот „Мечки“ се моторциклисти ентузијасти, кои се стремат мото културата да се искачи на повисоко ниво.

Loading...

Секој декември ја остваруваат хуманитарната акција „Дедо мраз на мотор“ под мотото „Најтажните најубаво се смеат“ со помош на лични донации на членовите, како и донации на соработнциите од другите мото клубови од државата.

Leave a Reply