Дечињата ја внесоа бадниковата магија на плоштадот во Куманово (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем број дечиња денеска внесоа бадникова магија на градскиот плоштад во Куманово кои се собраа околу бадниковата пештера која ја поставија членовите на здружението „Бадникови поворки“.

Loading...

 

 

По седми пат традиционално се одржува оваа манифестација во градот, но последните две години поради пандемијата, има хуманитарен карактер и 15 семејства вечерва ќе добијат донации.

– Најнапред да им се заблагодарам на сите граѓани на нашиот град Куманово кои донираа во нашите кутии и со нивна помош и нивното доброчинство оваа вечер 15 семејства ќе се радуваат заедно со нивните срца. Радувајте се христијани, затоа што сетворителот на животот се раѓа. Нека вечниот Бог е секој ден од годината во вашите срца, не само на овој ден, изјави Сања Георгиевска.

 

Loading...

 

Ана Денковиќ Антевска од здружението Бадникови поворки упати порака до православните христијани дека светителите веруваат во единството, во небесната и земската црква.

– Ако небесната црква ја сочинуваат отецот, синот и светиот дух, земјената црква ја сочинуваат сите христијани. Треба да правиме добри дела затоа што тие секогаш се од Бога. Треба да се почитуваме, да не се разидуваме и бремето на едниот да го носиме заедно, неставајќи го едниот пред другиот како што тоа го правеле впрочем христовите ученици, изјави Денковиќ Антевска.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски