Децата што растат со кучиња имаат подобро однесување, вели едно истражување

Сподели со своите пријатели

Трошењето време со пријателите на четири нозе може да биде многу забавно. Но, кучињата не се само симпатични и милу суштества.

Loading...

Докажано е дека растењето со крзнено милениче има придобивки за малите деца и може многу да влијае на подобрувањето на нивниот живот, како и во раното поставување на вистинскиот пат.

Според истражувањето спроведено на 1646 семејства со деца на возраст од 2 до 5 години, имало 30 проценти помалку проблеми во однесувањето кај децата кои пораснале со кучиња.

 

 

Овие деца биле генерално со подобри однесувања, помалку склони кон кавги, изливи на гнев и непослушност, пишува Bright Side.

Покрај тоа, истата студија покажала дека децата кои пораснале со миленичиња имаат 40 проценти подобра социјална интеракција со врсниците во споредба со оние што доаѓаат од домаќинства кои немале куче.

Loading...

Со други зборови, на овие деца им било попријатно да се дружат и да склопуваат другарства, и помали шанси да доживеат насилство од врсници.

Ова може да се објасни со фактот дека, според оваа студија, растењето со куче игра важна улога во обликувањето на личноста на детето во рана фаза.

 

 

Тоа помага да се развијат вредни особини на личноста кои се важни и ценети во општеството. На пример, овие деца имаат тенденција да бидат љубезни, внимателни кон чувствата на другите и повеќе склони да споделуваат.

Позитивното влијание на кучето расте со времето поминато во интеракција со него. Истражувањата сугерираат дека колку повеќе мали деца комуницираат со кучиња, толку повеќе овие квалитети се посилно манифестирани во нивната личност.

Според резултатите од студијата, децата кои учествувале во прошетка со куче барем еднаш неделно покажале зголемување на просоцијалното однесување за 45 проценти, а оние кои се занимавале со куче најмалку три пати неделно биле попозитивни од децата кои немале куче дома.

Loading...

Интеракцијата со кучето ја подобрува концентрацијата и опсегот на внимание. Според друга студија, престојот во близина на куче ги подобрува невропсихолошките способности на децата.

 

 

24 деца на возраст од 10 до 14 години направиле тест за меморија 15 минути по интеракцијата со кучето. Резултатите покажале дека има значително подобрување во нивната способност да се фокусираат и да станат многу внимателни.

Кучињата ги мотивираат децата да станат активни и да се вклучат во физички активности. Според третата студија, кучињата играат важна улога во мотивирањето на децата да вежбаат и да се занимаваат со физичка активност.

Експериментот, кој се фокусирал на дебели деца, заклучил дека со присуство на куче, децата се повеќе се заинтересирани за активност и трошење време на отворено.

Присуството на кучето влијаело не само на фреквенцијата на физичката активност на децата, туку и на квалитетот. Придружувани од куче, овие деца оделе побрзо и се занимавале со спортски активности подолго време.

Loading...