Децата без родители од Куманово добија новогодишни пакетчиња од општината (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Децата без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на своите блиски роднини денеска добија на подарок новогодишни пакетчиња од страна на Општина Куманово.

Loading...

Подароците на дваесетина дечиња денеска им ги врачија Дедо Мраз и првиот човек на градот, Максим Димитриевски со желби за успешна 2020. година, а на нивните старатели им се заблагодари за грижата која има ја пружаат.

– Да ви посакаме претстојни убави празници и среќна Нова година. Да уживате, да се радувате во вашите семејства и да ги искористите моментите за убави нешта. Општина Куманово и оваа година традиционално го одбележува овој ден со вас, бидејќи сметаме дека сте една од најхуманите групи во нашата заедница. Ја користам оваа прилика да ви се заблагодарам и лично на сите вас за сето она што го правите за нашиот град, штитениците и да не ги изоставам и претставниците од Министерството за труд и социјална политика, бидејќи секако без нив не може ни да се имплементира овој проект, рече Димитриевски.

Пакетчиња во текот на денот добија и дечињата на Детското одделение во кумановската болница, а претходно и корисниците на двата дневни центри за лица со посебни потреби.

Leave a Reply