Деца во Колумбија со недели биле во џунгла по авионска несреќа. Еве како преживеале!

Сподели со своите пријатели

Минатата недела четири деца од домородна заедница на југот на земјата беа пронајдени во Колумбија, повеќе од пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла.

Loading...

Децата биле спасени од војската во близина на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавијаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион.

Малиот авион Цесна 206 превезувал седум лица на пат меѓу Аракуара, државата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавиаре, град во државата Гуавијаре, но пријавил аларм за дефект на моторот во раните утрински часови на 1 мај.

Децата успеале да преживеат

Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот.

Падот го преживеале четири деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11 месечно бебе.

Првичните информации од Управата за цивилно воздухопловство, која ги координирала напорите за спасување, сугерираат дека децата избегале од авионот и се упатиле во прашумата за да побараат помош.

Спасувачките тимови, со поддршка на кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје, кое наводно децата го јаделе и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунгла.

Откриено е зошто децата преживеале

Во спасувачките операции учествуваа авиони и хеликоптери на колумбиската армија и воздухопловни сили.

Loading...

Се верува дека децата преживеале бидејќи јаделе од храната што тимот за пребарување им ја фрлал од хеликоптерот во изминатите недели, но се верува дека пресудна улога одиграл и фактот што тие се дел од домородната заедница Хуито.

Иако сите биле неухранети, кај ниту едно од децата не биле констатирани сериозни повреди, а дури и најмладиот го прославил својот прв роденден во прашумата, пишува Би-Би-Си.

„Децата изеле три килограми брашно од растението маниока, кое често го користат домородните племиња во регионот на Амазон“, изјави воениот портпарол Педро Арнулфо Санчез Суарез.

„Деновите по несреќата, децата го јаделе брашното што го донеле таму, но на крајот останале без храна и решиле да бараат место каде што ќе можат да преживеат. Беа неухранети, но целосно свесни и разумни кога ги најдовме“ додаде Санчез Суарез и заклучи:

„Нивното автохтоно потекло им овозможило да стекнат одреден имунитет против болестите на џунглата и да имаат познавање за самата џунгла, знаејќи што да јадат а што не, како и наоѓањето вода ги одржувало во живот, што не би било возможно да не се навикнати на таков вид на непријателско опкружување“.