Дебелината е една од главните причини за скратување на животот

Сподели со своите пријатели

Дебелината е причина број еден за намалувањето на животот – поголем ризик фактор од пушењето и високиот крвен притисок.

Loading...

Според тим американски истражувачи прекумерната тежина доведува до 47% повеќе изгубени години живот во споредба со цигарите, кои за возврат го намалуваат животниот век за речиси толку колку  и високиот крвен притисок, пишува научното списание “Сајанс дејли”.

Според тимот базирани откритија на податоци на американски државјани од 2014 година, најмногу години живот човек губи поради прекумерната тежина, дијабетес, пушењето, високиот крвен притисок и висок холестерол.

Научниците предупредуваат дека заклучоците можат да не важат на истиот начин за поединците, како за човек со прекумерна тежина и проблеми со алкохолот и пиењето може да е главен фактор за намалувањето на неговиот живот.

Податоците го покажуваат и подобрувањето во јавното и клиничко здравје како последица на напорите во изминатите 15 години да се ограничи употребата на цигари. Ако тоа не беше така, тогаш сега пушењето сигурно ќе беше на чело на листата.

Клучен момент во студијата е и фактот дека три од првите пет причини за намалување на должината на животот – дијабетесот, хипертензијата и високиот холестерол, можат да бидат третирани.

„Овие прелиминарни резултати продолжуваат да фрлаат светлина врз важноста на слабеењето, справувањето со дијабетесот и здравата исхрана на населението во САД”, вели д-р Глен Такслeр, истражувач од Клиниката “Кливленд” и автор на студијата.

„Вистината е дека иако ја знаеме непосредната причина за смртта на пациентот – на пример рак на дојка или инфаркт, ние не знаеме какви се придонесувачките фактори како пушењето, прекумерната тежина, алкохолот и семејната историја”, дополни д-р Такслер кој заедно со својот тим продолжува да работи на поточни пресметки за факторите кои водат до скратување на животот.

Loading...