Дебата за зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на утрешниот ден со почеток во 12 часот во кружната сала на поранеше Комитет ќе се одржи промоција на ЕУ проектот “Зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку Охридскиот Рамковен Договор (ОРД)”.

На промоцијата официјални излагања ќе имаат Мартин Клаук, раководител на Одделението за соработка на делегацијата на ЕУ, Виолета Петровска, претседателка на Организација на жени „Кумановка“, Зоран Дамјановски, градоначалник  на општина Куманово, Арсенчо Алексоски, градоначалник на општина Крива Паланка, Милован Стојковски, градоначалник на општина Старо Нагоричане, Садула Дураку, градоначалник на општина Липково и Мите Андоновски, градоначалник на општина Кратово.

Главна цел на проектот е да се придонесе кон подобрување на меѓу-етничките односи во пет општини (Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково и Кратово) преку зајакнување на учеството и лидерството на жените и младите во меѓу-етничките процеси и процесите на конфликтно помирување, како и промоција на Охридскиот Рамковен Договор (ОРМ) со поддршка на јавните институции. Проектот исто така ќе обезбеди финансирање на пет локални женски невладини организации кои што ќе бидат ангажирани во имплементацијата на специфични активности од самиот проект – велат организаторите.

Проектот “Зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците преку Охридскиот Рамковен Договор (ОРД)” е финансиран од страна на Европската Унија, претставена преку Делегацијата на Европската Унија во Скопје и ко-финансиран од страна на Шведската агенција за меѓународен развој и соработка, Сида, со вкупен буџет од 323.460,47 евра.