Давид Спасовски ќе се натпреварува на Европското првенство во кик-бокс (видео)

Сподели со своите пријатели

Во рамки на Светската кик-бокс организација „WAKO“ во која членуваат и пет клубови од Македонија, од 5-10 септември во Спротската сала Борис Трајковски во Скопје, ќе се одржи Европското првенство во кик-бокс дисциплини во јуниорска и кадетска конкуренција.

Дел од натпреварот ќе биде и Кик бокс клубот Куманово, претставуван од Давид Спасовски кој ќе ја претставува Македонија на овој меѓународен спортски настан.

Нам ни припадна честа, но и обврска што подобро да ја претставиме државата на оваа еминентно првенство каде ќе се натпреварува и Давид Спасовски кој со своите успеси на државните првенства избори место во репрезентацијата – вели Сашо Илиевски, тренер на Кик-бокс клуб Куманово 2006.

Спасовски под водство на својот тренер макотрпно тренира за да може да оствари што подобри резултати на претстојното наптреварување.

Од клубот изразуваат голема благодарност до градоначалникот на Општина Куманово и Општинскиот сојуз на спортови кои финансиски помогнаа за да се овозможи оваа учество на првенството.

Loading...