Дарко Спејко е победник во „Големиот брат 2015“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Дарко Спејко Петковски е победник на последната сезона на шоуто „Големиот брат 2015“ и освои награда од 100.000 евра.

Loading...

Откако Дарко остана во супер финалето со Горан, тој со одлука на публиката е победник на овогодинешното издание на Големиот брат.

Инаку Дарко издржа цели 100 дена во шоуто и воедно е првиот Македонец кој победи во оваа шоу.

Професионалниот атлетичар, модел, уметник и кошаркар, успешен кумановец кој со својата скромност покажа дека народот може да ја награди добрата карактерна особина.

Сега останува да видиме каков пречек ќе има нашиот Спејко во Куманово.