Дарио Јордановски е набрзиот пливач по крстот во кумановскиот градски базен (ФОТО)


Петнаесетгодишниот Дарио Јордановски е најбрзиот пливач кој денеска успеа да стигне до светиот крст во затворениот градски базен во Куманово.

Loading...

Јордановски е прва година средно училиште и и втор пат скока по крстот.

– Очекувам оваа година да ми донесе среќа и радост, тоа е најважно, рече Јордановски.

Тој им порача на сите кои досега не биле дел од ваква манифестација да си ја пробаат среќата.

Loading...

Најсреќниот и најбрз пливач на подарок од градоначалникот Максим Димитриевски доби телевизор.

Трката по светиот крст ја организираат пливачките клубови во Куманово во соработка со Општина Куманово и Кумановско-осоговската епархија.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *